Препораки
На водењето, чувањето, собирањето и располагањето со медицинската документација се применуваат одредбите од прописите од областа на евиденциите од областа на здравството, заштитата на правата на пациентите и заштитата на личните податоци. Со оглед на ситуацијата на примена на оваа одредба во пракса, потребно е дефинирање на обврската на секоја здравствена установа да донесе и применува технички и организациски мерки за тајност и заштита на личните податоци.