Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2012; 145/2012; 87/2013; 164/2013; 39/2014; 43/2014 и 132/2014)
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Законот предвидува собирање на лични податоци во следниве форми:
Евиденции од областа на здравството – електронска и хартиена;
Основна медицинска документација.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Остварување на правото на здравствена заштита.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Податоците содржани во Основната медицинска документација се пропишани во Законот за евиденциите од областа на здравството и истата содржи:
– лични податоци за поединецот (ЕМБГ; датум на раѓање; пол; име и презиме; име на еден од родителите; припадност на етничка заедница, вероисповест, брачна состојба; образование, занимање; датум на смрт; адреса на постојано живење, место, општина; занимање; статус во вработувањето (економски статус) и основ за здравствено осигурување),
– медицински податоци – податоци за здравствена состојба (дијагноза, датум на посета, планираните посети, број на лекарот, терапија, упатување, причина за привремена неспособност за работа, причина за смрт причина за обработка и социјална анамнеза на семејството) и
– податоци за медицинска нега и други податоци што се поврзани со грижата за пациентот (исхрана и слично).
Во основната медицинска документација влегуваат и наоди, изјави, мислења и други документи поврзани со здравствената состојба и укажаната здравствена заштита.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Здравствени установи;
Министерство за здравство;
Фонд за здравствено осигурување.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Во здравствените установи основната медицинска документација се чува 15 години од последниот внес на податоци.
Здравствениот картон и историјата на болеста се чува 15 години по смртта на болниот.
Стоматолошкиот картон се чува трајно.
Здравствените установи се должни да ја водат и чуваат основната медицинска документација во електронска форма согласно со овој закон.
Во Институтот за јавно здравје на Република Македонија и во регионалните центри за јавно здравје, обработените податоци со анализи и извештаи се чуваат трајно во електронска форма.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
На водењето, чувањето, собирањето и располагањето со медицинската документација се применуваат одредбите од прописите од областа на евиденциите од областа на здравството, заштитата на правата на пациентите и заштитата на личните податоци.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за заштита на правата на пациентите.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
Здравствени податоци.