Препораки
Категориите на лични податоци се детално утврдени за секоја евиденција одделно, но сепак праксата укажува на собирање на фотокопија од лична карта кај повеќе евиденции од наведените, а не е предвидена со овој закон што не е во согласнот со начелата за заштита на личните податоци.
Иако дел од податоците за контакт можат да бидат опционални, како на пример етничата припадност која треба да биде податок кој вработениот опционално ќе го дава, законот не предвидува согласност на субјектот во ниту еден момент. Потребно е согласноста на вработениот да биде предвидена.
Потребно е допрецизирање на примената на технички и организациски мерки за тајност и заштита на личните податоци заради регулирање на авторизацијата на пристапот до личните податоци на вработените во АВРМ.