Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/1997; 25/2000; 101/2000; 50/2001; 25/2003; 37/2004; 4/2005; 50/2006; 29/2007; 102/2008; 161/2008; 50/2010; 88/2010; 51/2011; 11/2012; 80/2012; 114/2012; 39/2014; 44/2014 и 113/2014)
- Дали законот предвидува собирање лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Законот предвидува собирање лични податоци во следните форми:
Евиденција на невработените лица и други лица кои бараат работа;
Регистар на евидентирани невработени лица;
Регистар на евидентирани привремено невработени лица;
Регистар на лица кои учестуваат во програми за активни политики за вработување;
Регистар на евидентирани лица кои бараат работа;
Регистар на корисници на јавни средства од Агенцијата и спроведувачи на мерки.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Остварување права од работните односи.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Категориите на лични податоци се детално утврдени за секоја евиденција одделно во Законот за евиденциите од областа на трудот, а и во овој закон.
Практиката укажува на собирање фотокопија од лична карта кај повеќе евиденции од наведените, а не е предвидена со овој закон што не е во согласнот со начелата за заштита на личните податоци.
Етничата припадност треба да биде податок кој вработениот опционално ќе го дава.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Агенција за вработување на РМ.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Да. За статусот.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Податоците се чуваат:
– во регистарот на евидентирани невработени лица 50 години по внесување на податоците;
– во регистарот на евидентирани привремено невработени лица пет години по внесување на податоците;
– во регистарот на лица кои учестуваат во програми за активни политики за вработување десет години по внесување на податоците;
– во регистарот на евидентирани лица кои бараат работа пет години по внесување на податоците;
– во регистарот на корисници на јавни средства од Агенцијата и спроведувачи на мерки предвидени со овој или друг закон десет години по внесување на податоците.
По истекот на роковите, со податоците се постапува во согласност со прописите со кои се уредува постапувањето на надлежните органи за постапување и за чување на архивски и документарни материјали.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Член 61-б:
Агенцијата собира податоци потребни за остварување на своите надлежности, утврдени со закон, директно од лицето на кое се однесуваат податоците и од евиденциите кои се водат во следниве органи: Управата за јавни приходи, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, центрите за социјална работа, Државниот инспекторат за труд, Централниот регистар на Република Македонија, Врховниот суд на Република Македонија и од други органи и институции кои водат евиденции, утврдени или водени врз основа на закон, а кои се потребни за остварување на надлежностите на Агенцијата.
Агенцијата може да ги поврзе евиденциите, кои се водат во согласност со овој закон, со евиденциите кои ги водат органите наведени во ставот 1 на овој член.
Заради примена на мерки, спроведувачите на активни мерки можат да добијат од Агенцијата информации за тоа дали некое лице е заведено во регистарот на невработени лица и останати податоци кои се потребни за примена на мерките, како и лични податоци кои се однесуваат на целта на примената на мерките.
Корисниците на права, според овој закон, се должни да ја известат Агенцијата и други спроведувачи на мерки за сите промени кои влијаат врз стекнувањето, одземањето или губењето на правата, најдоцна осум дена по настанувањето на промената.
Член 61-в:
Агенцијата може да пренесе на управни и на други државни органи, органите на единиците на локалната самоуправа, лични податоци од евиденцијата, која се води според овој закон, заради остварување на надлежностите утврдени со закон, под услов законот да пропишува прибирање лични податоци од Агенцијата, во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Увидот на податоците од лицата од кои се добиени истите, обврската за доставување на промена на личните податоци и исправка на личните податоци се врши во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Потребно е допрецизирање на примената на технички и организациски мерки за тајност и заштита на личните податоци заради регулирање на авторизацијата на пристапот до личните податоци на вработените.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за работните односи;
Закон за архивско работење;
Закон за облигационите односи.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видеонадзор)
Да. ЕМБГ е задолжителен елемент во неколу евиденции, а се предвидува и обработка на здравствени податоци.
Етничката припадност треба да биде податок кој вработениот опционално ќе го дава.