Препораки
Целта на обработката на личните податоци согласно овој закон е обезбедување на заштита на децата од сексуална злоупотреба, педофилија и трговија со малолетни лица преку достапност на информации за лицата кои живеат во нивната околина, а кои се осудени за кривични дела поврзани со сексуална злоупотреба на малолетни лица, педофилија и трговија со малолетно лице.
Вака поставената цел не е во согласност со начелата на заштита на личните податоци од аспект на достапноста на информациите. Праксата во државите каде има воспоставено ваков регистар е достапноста до истиот да биде ограничена, односно пристап до регистрите имаат градинки, училишта, домови за деца, интернати.
Обемот на податоци содржани во Регистарот би бил соодветен доколку пристапот е ограничен. Во овој случај, кога Регистарот е јавно достапен потребно е намалување на обемот на лични податоци (иницијали, година на раѓање, улица на живеење).
Она што е во спротивност на начелата за заштита на личните податоци е што изземањето од јавниот регистер е на барање на лицето. Контролорот треба да ги изземе податоците по истекот на рокот, без разлика на тоа дали лицето побарало или не.
Потребно е вметнување на член со кој ќе се предвиди примената на технички и организациски мерки за тајност и заштита на личните податоци.