Препораки
Потребно е појаснување во одредбата која се однесува на обемот на лични податоци кои се собираат. Обемот е соодветен освен во делот на поткрепување со доказ за лична идентификација. Ваквата формулација дозволува двојно толкување, па остава простор и за задржување на фотокопии од лични документи што не е во согласност со начелата на заштита на личните податоци.
Потребно е дефинирање на рокови на чување на личните податоци за секоја евиденција одделно.
Потребно е вметнување на член со кој ќе се предвиди примената на технички и организациски маерки за тајност и заштита на личните податоци.