Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2005, 110/2008, 83/2009 и 116/2010)
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Да, во форма на поднесоци.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Водење на судска постапка.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Име и презиме поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на странките, односно фирмата и седиштето на правното лице запишани во Централниот регистар на Република Македонија или друг регистар поткрепени со доказ од соодветниот регистар, нивните законски застапници и полномошници, ако ги имаат, предмет на спорот, вредноста на спорот, содржина на изјавата и потпис на подносителот, односно електронски потпис, е-меил адреса и контакт телефон.
Странката во поднесокот е должна да го наведе својот единствен матичен број.
Обемот е соодветен освен во делот на поткрепување со доказ за лична идентификација. Ваквата формулација дозволува двојно толкување, па остава простор и за задржување на фотокопии од лични документи што не е во согласност со начелата на заштита на личните податоци.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Судовите.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Согласно закон за архивско работење.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Не.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Не.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
ЕМБГ.