Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2008, 17/2011, 51/2011, 74/2012, 41/2014 и 144/2014)
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Согласно член 25, Установите, односно институциите за образование на возрасните водат документација и евиденција.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Организација и спроведување на образовни програми за возрасни.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Во законот не се дефинирани категориите на лични податоци кои ќе се обработуваат за субјектите. Иако во членот 25 е предвидено водење на документација и евиденција, категориите не се предвидени. Единствено на што членот укажува е дека содржината и формата на документацијата и евиденцијата на предлог на Центарот ги пропишува министерот што не е во согласност со начелата за заштита на личните податоци.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Центар за образование на возрасни.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Не.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Не.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Не.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
Не.