Препораки
Во законот не се дефинирани категориите на лични податоци кои ќе се обработуваат за субјектите. Иако во членот 25 е предвидено водење на документација и евиденција, категориите не се предвидени. Единствено на што членот укажува е дека содржината и формата на документацијата и евиденцијата на предлог на Центарот ги пропишува министерот што не е во согласност со начелата за заштита на личните податоци.
Потребно е дефинирање на рокови на чување на личните податоци за секоја евиденција одделно.
Потребно е вметнување на член со кој ќе се предвиди примената на технички и организациски мерки за тајност и заштита на личните податоци.