Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за медиуми („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/2013 и 13/2014.
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Не.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Работење на медиумите, слобода на изразување.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Нема точно определнни насоки за објавување на лични податоци на лицата за кои се известува.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Медиумите.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Не.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Слободата на медиумите особено опфаќа: слобода на изразување на мислења, независност на медиумите, слобода на прибирање, истражување, објавување, избор и пренесување на информации во насока на информирање на јавноста, плурализам и разновидност на медиумите, слобода на проток на информации и отвореност на медиумите за различни мислења, уверувања и за разновидни содржини, достапност до информациите од јавен карактер, почитување на човековата индивидуалност, приватност и достоинство, слобода за основање на правни лица за вршење на дејност за јавно информирање, печатење и дистрибуција на печатен медиум и другите медиуми од земјата и странство, производство и емитување на аудио/аудиовизуелни програми, самостојност на уредникот, новинарот, авторите или креаторите на содржини или програмските соработници и другите лица, а во согласност со правилата на професијата.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Не.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
Не.