Препораки
Обемот на личните податоци кои се обработуваат согласно овој закон е соодветен со целта но праксата укажува на објавување на поголем обем на податоци на огласните табли во зградите – во Законот за домување не постои одредба која предвидува објавување на список нa станари со име и презиме кои не платиле тековно одржување, а со самото тоа оваа обработка се смета за преобемна во однос на целта која треба да се постигне.
Рок на чување на податоците е предвиден само за видео надзорот – 30 дена. Потребно е да се прецизираат и роковите на чување на останатите лични податоци.
Иако е предвидено усогласување со Законот за заштита на личните податоци, нема член кој укажува на обврската на заедницата на станари за внатрешно уредување на техничките и организациските мерки за заштита на личните податоци.