Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/2009; 57/2010; 36/2011; 54/2011; 13/2012; 55/2013; 163/2013 и 42/2014)
- Дали законот предвидува собирање лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Статут на заедницата на сопственици на посебните делови – предвидува збирка на податоци на станарите.
Евиденција од видеонадзор.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Уредување на заедничко домување.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Име и седиште на заедницата на сопственици; лично име и адреса, односно назив и седиште на сопствениците на посебните делови – членови на заедницата; податоци за посебните делови содржани во катастарот на недвижности (имотен лист); начин на одлучување на заедницата на сопственици; начин на именување претседател и негови овластувања и начин на исполнување на обврските на членовите на заедницата.
Обемот е соодветен, но практиката укажува на објавување поголем обем на податоци на огласните табли во зградите – во Законот за домување не постои одредба која предвидува објавување список нa станари со име и со презиме кои не платиле тековно одржување, а со самото тоа оваа обработка се смета за преобемна во однос на целта која треба да се постигне.
Поставувањето видеонадзор е условено со согласност од сите станари.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Заедница на сопственици.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
За објава на дел од податоците на огласна табла.
За видеонадзор.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Само за видеонадзор – 30 дена.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Не, иако е предвидено усогласување со Законот за заштита на личните податоци, нема член кој укажува на обврската на заедницата на станари за внатрешно уредување на техничките и организациските мерки за заштита на личните податоци.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за катастар на недвижности.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видеонадзор)
Биометрија – снимки од видеонадзор, со согласност на сите станари.
Фотокопија од лична карта за купопродажба на стари станови.