Препораки
Категориите на лични податоци кои се обработуваат во евиденците од овој закон се дефинирани со други закони и со правилници на Министерството за внатрешни работи. Една евиденција за која е задолжително потребно целосно регулирање на обемот на лични податоци е евиденцијата на снимки од видео надзор на патиштата предвидена во Член 411 од овој закон.
Со оглед на фактот дека видео надзорот е материја која се регулира со Законот за заштита на личните податоци, потребно е усогласување со начелата на правично вршење на видео надзор. Целта е јасна и оправдана но потребно е прецизирање на личните податоци кои ќе се собираат (фокусот на снимање на камерите), кој во Полицијата ќе има пристап до снимените материјали, на кој начин тие ќе се испраќаат до возачот/ сопственикот на возилото. Исто така, законот треба да предвиди и посебни известувања за возачите за местата на кои има поставено систем за видео надзор.
Потребно е прецизирање на роковите, освен кај снимките од видео надзорот за кои е предвидено дека ќе се чуваат во рок од 6 месеци.
Законот не содржи член за заштита на личните податоци, па оттука потребно е да се вметне посебен дел за заштита на личните податоци, односно, за техничките и организациските мерки кои ќе гарантираат тајност и заштита на личните податоци.