Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/2007, 84/2007, 86/2008, 98/2008, 106/2008, 64/2009, 161/2009, 36/2011, 51/2011, 114/2012 и 27/2014)
- Дали законот предвидува собирање лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Законот предвидува собирање лични податоци во следниве форми:
Евиденција на оспособување на кандидати за возачи;
Евиденција на уверенија за положен возачки испит;
Евиденција на издадени возачки дозволи;
Евиденција на одземени возачки дозволи;
Евиденција на извршени прегледи и издадени уверенија;
Евиденција на негативни бодови;
Евиденција на издадени возачки книшки;
Евиденција на снимки од видеонадзор на патишта.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Безбедност во сообраќајот.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Категориите на лични податоци што се обработуваат во евиденците од овој закон се дефинирани со други закони и со правилници на Министерството за внатрешни работи.
Евиденција за која е потребно целосно регулирање на обемот на лични податоци е евиденцијата на снимки од видеонадзор на патиштата предвидена во член 411 од овој закон.
Со оглед на фактот дека видеонадзорот е материја која се регулира со Законот за заштита на личните податоци, потребно е усогласување со начелата на правично вршење на видеонадзор. Целта е јасна и оправдана, но потребно е прецизирање на личните податоци што ќе се собираат (фокусот на снимање на камерите), кој во полицијата ќе има пристап до снимените материјали, на кој начин тие ќе се испраќаат до возачот/ сопственикот на возилото. Исто така, законот треба да предвиди и посебни известувања за возачите за местата на кои има поставено систем за видеонадзор.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Автошкола;
Образовна институција;
Здравствени установи;
Министерство за внатрешни работи.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Не. Потребно е прецизирање на роковите, освен кај снимките од видеонадзорот за кои е предвидено дека ќе се чуваат во рок од 6 месеци.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и на организациски мерки?
Не. Потребно е да се вметне посебен дел за заштита на личните податоци.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за евиденциите од областа на здравството.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видеонадзор)
Здравствени податоци и снимки од видеонадзор.