Препораки
Измена на одредбата со која се предвидува: ако податоците се даваат на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, за потребите на вршење на работите од нивните надлежности и во согласност со прописите за заштита на личните податоци, само доколку банка склучи меморандум за соработка со овие институции, со кој се регулира начинот на достапност на податоците.
Пред се е спорен самиот пристап како активност, а потоа и основот кој тоа го дозволува.
Предвиденото потпишување Меморандуми за соработка со институциите за да може да добијат податоци е спорно бидејќи Меморандумот ја нема правната сила да дозволи вакво нешто, тој не е документ врз основа на кој оние најзасегнатите – граѓаните може да остварат право или пак да се побунат. Ова ја става под знак прашалник сериозноста на банките, особено заради фактот што банкарската тајна, повеќе не е тајна, туку со исклучок тајната се открива на институциите.