Препораки
Обемот на личните податоци кои се обработуваат согласно овој закон е соодветен на целта, а нивното чување е во согласност со Законот за евиденции од областа на здравството. Она што недостасува е дефинирање на начинот на достава на извештаите од здравствените установи до работодавачот. Праксата укажува на случаи во кои генералниот извештај не е одделен од резултатите од извршениот преглед.
Потребно е прецизирање на роковите на чување на податоците обработени согласно овој закон и нивно поврзување со Законот за работните односи.
Вметнување на посебен дел за заштита на личните податоци е потребно.