Препораки
Потребно е јасно прецизирање на категориите на лични податоци кои се собираат и разменуваат.
За случаите кога податоците треба да бидат дадени од страна на брокерските друштва на НБО за цели на вршење на анализа потребно е да се предвиди согласноста на субјектот на личните податоци.
Рокот на чување на податоците собрани во Информацискиот регистар е најмалку 7 години. Ваквата формулација не е во согласност со ЗЗЛП бидејќи рокот треба да биде прецизно утврден.
Потребно е вметнување на одредби за примена на технички и организациски мерки за заштита на личните податоци во Законот не само од аспект на внатрешното уредување на работењето на контролорите туку и од аспект на склучувањето на договори со Корисниците, преземањето на податоците од други субјекти (МВР, ФЗОМ, МТСП) и водење на евиденции за овие обработки.