Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за управување со движењето на предметите во судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/2010)
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Законот предвидува собирање на лични податоци во следниве форми:
Казнена евиденција;
Евиденција на прекршочни санкции;
Евиденција на правосилни пресуди кои се објавуваат на веб страницата на судот.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Спроведување на судска постапка.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Име и презиме, адреса на живеалиште или престојувалиште, ЕМБГ и други податоци потребни за водење на судската постапка.
Обемот е соодветен.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Судовите.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Да. 5 години од денот на објавувањето.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Во членот 10 се предвидува анонимизирање на ЕМБГ и на адресата на живеалиштето или престојувалиштето на лицето на кое се однесува пресудата.
Дополнително, во член 11 е предвидена заштита на софтверот во кој се врши обработка на правосилните пресуди кои се објавуваат на веб страницата.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Да.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
ЕМБГ.