Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014 и 135/2014)
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Интегрирана база:
- Збирка на податоци за учениците запишани во средното училиште
- Збирка на податоци за родители, односно старатели на ученици запишани во средното училиште
- Збирка на податоци за вработените во средното училиште
Педагошка евиденција и документација:
- главна книга на учениците
- главна книга на завршен испит
- главна книга на матурски испит
- главна книга на меѓународна матура
- главна книга на средно специјалистичко образование
- диплома, свидетелство, уверение за стручно оспособување, уверение за работно оспособување, ученичка книшка и преведница
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Средното училиште собира, обработува, чува, испраќа и користи податоци содржани во збирките на податоци согласно со прописите за заштита на личните податоци, за потребите на интегрираната база на податоци која ја води Министерството.
Збирките на податоци се водат за следниве цели:
– унапредување на процесите и процедурите потребни за управувањето со човечките ресурси, финансиите и инфраструктурата во средните училишта,
– обезбедување навремени, конзистентни, целосни и точни податоци што ќе претставуваат поддршка на процесот на донесување одлуки, спроведувањето на образовната политика и планирањето на реформите во средното образование,
– обезбедување на податоци неопходни за функционирање на други потсистеми (електронски дневник, државна матура, училишна матура, завршен испит и екстерно проверување на постигањата на учениците) во средното образование и
– ефикасно управување со распределбата на средствата во децентрализираниот образовен систем, планирањето на изградба и реконструкцијата на училишната инфраструктура и унапредувањето на професионалниот развој на вработените во средните училишта.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Збирката на податоци за учениците запишани во средното училиште опфаќа ЕМБГ, презиме, татково име и име на ученикот, датум и место на раѓање, пол, припадност на заедница, мајчин јазик на ученик, адреса, место на живеење, контакт телефон, е-меил адреса, посебна образовна потреба, статус на ученикот (редовен/вонреден).
Збирката на податоци за податоци за родители, односно старатели на ученици запишани во средното училиште опфаќа сродство со ученикот, име и презиме, датум и место на раѓање, пол, припадност на заедница, адреса и место на живеење, контакт телефон, е–меил адреса и степен на образование.
Збирката на податоци за вработените во училиштето опфаќа ЕМБГ, презиме, татково име и име на вработениот, пол, припадност на заедница, датум и место на раѓање, адреса, место на живеење, општина, привремена адреса и место на живеење, државјанство, вид и степен на образование, последно завршено училиште/факултет, претходно работно искуство, категорија на вработен, работно место со фонд на часови, контакт телефон, број на службен телефон, е-меил адреса, вид на транспорт до работното место кој користи вработениот, инвалидитет, ФЗО подрачна единица, ПИОМ број, датум на вработување, датум на престанок на работен однос, основ за престанок на работен однос, статус на вработен (на неопределено/определено време).
Личните податоци средното училиште ги добива од родителите/старателите на учениците.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Средно училиште;
Министерство за образование.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не. Треба да биде предвидена за личните податоци кои не се наведени во категориите на податоци, а кои во пракса се собираат, односно, софтверот ги содржи (здравствени податоци, крвна група, ЕМБГ на родител)
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Не е јасно прецизирано за сите збирки.
Главната книга на учениците, главната книга на завршен испит, главната книга на матурски испит, главната книга на меѓународна матура, главната книга на средно специјалистичко образование се документи од трајна вредност.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Не. Потребно е вметнување на член како во Законот за основното образование.
Начинот на обработка на личните податоци, лицата кои се овластени да ги користат податоците содржани во поединечните збирки на лични податоци од членот 15-д од овој закон, критериумите според кои се утврдува нивото на пристап на лицата кои се овластени да ги обработуваат личните податоци, техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, начинот на уништување по истекувањето на рокот на чување на личните податоци и други мерки ги пропишува министерот.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за архивско работење.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
ЕМБГ ; Здравствени податоци.