Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013 и 113/2014)
- Дали законот предвидува собирање лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Законот предвидува собирање лични податоци во следниве форми:
Евиденција на пријави и одјави;
Евиденција на невработени лица;
Евиденција на вработени на неполно работно време;
Евиденција на вработени на полно работно време;
Евиденција на прекувремена работа;
Договори за вработување;
Договори за прекин на работен однос.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Остварување права од работните односи.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Категориите на лични податоци се предвидени во Законот за евиденциите од областа на трудот.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Агенција за вработување на РМ;
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување;
Фонд за здравствено осигурување;
Работодавец.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Да. Евиденциите за пријава и одјава се чуваат трајно, но за останатите документи кои содржат лични податоци потребно е поврзување со Законот за евиденциите од областа на трудот и Законот за архивско работење.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Член 44:
Личните податоци на работниците можат да се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети лица само ако е тоа определено со овој или друг закон или ако е тоа потребно заради остварување на правата и на обврските од работниот однос или во врска со работниот однос.
Личните податоци на работниците може да ги собира, обработува, употребува и доставува на трети лица само работодавецот или работникот, кого работодавецот за тоа посебно го овластил.
Личните податоци на работниците, за чие собирање не постои повеќе законска основа, мораат веднаш да се избришат и да престанат да се употребуваат.
Одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член се однесуваат и за личните податоци на кандидатите за вработување.
Потребно е допрецизирање на примената на технички и организациски мерки за тајност и за заштита на личните податоци заради регулирање на авторизацијата на пристапот до личните податоци на вработените.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за архивско работење;
Закон за облигационите односи.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видеонадзор)
Да. ЕМБГ е задолжителен елемент на Договор за вработување.