Препораки
Согласно овој закон, платните инструменти и нивната содржина и форма, освен формата на платните инструменти содржани во медиумите за пренос, ги пропишува министерот за финансии. Со ваквата формулација, содржината на платните инструменти се остава да биде утврдена со Правилник што не е во согласност со начелата за заштита на личните подтоци. Дополнително, праксата укажува дека за плаќања од физички лица, на платниот инструмент е содржан и ЕМБГ без да има законска основа. Потребно е законско регулирање на обработката на овој личен податок за наведената цел.
Потребно е дефинирање на рокови на чување на собраните лични податоци.
Потребно е дефинирање на начинот на заштита на личните податоци.