Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за пензиското и инвалидското осигурување – („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014 и 160/2014)
- Дали законот предвидува собирање лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Законот предвидува собирање на лични податоци во форма на матична евиденција.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Матична евиденција – се водат податоци за осигурениците, корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување и обврзниците за пресметка и уплата на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, врз основа на единствениот матичен број на граѓанинот.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Да. Согласно Член 211 рокот за чување на документацијата на податоците од Матичната евиденција е најмалку 30 години од денот на стекнување на правата, а најмалку 40 години од денот на последен внес на податоци за лицата кои не стекнале права врз основа на овој закон. Потребно е прецизно утврдување на роковите.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Не. Вметнувањето на одредби за примена на технички и организациски мерки за заштита на личните податоци во Законот е потребна не само од аспект на внатрешното уредување на работењето на ФПИО преземањето на податоците од други субјекти и водење на евиденции за овие обработки.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за супервизија во осигурувањето.
Закон за државната статистика.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видеонадзор)
Здравствени податоци.