Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 8/1995; 38/2002; 66/2007; 98/2008; 67/2009; 13/2013 и 43/2014)
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Законот предвидува собирање на лични податоци во следниве форми:
Матична книга на родените;
Матична книга на венчаните;
Матична книга на умрените.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Водење на матична евиденција.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Во матичната книга на родените се запишуваат податоци за раѓањето на детето, и тоа: име и презиме; пол на детето; час, ден, месец, година и место на раѓањето на детето; државјанството и матичен број; податоци за родителите на детето, и тоа: име и презиме (за мајката и моминското презиме); ден, месец, година и место на раѓањето; националност; државјанство матичен број; живеалиште и адреса на станот; признавање на татковство, утврдување на татковство или мајчинство; позаконување; посвојување и престанок на посвојувањето; старателство и престанок на старателството; склучување, престанување или поништување на бракот; промена на личното име на родителот, односно посвоителот; промена на државјанството на детето; смрт или прогласување на исчезнатото лице за умрено.
Во матичната книга на венчаните се запишуваат: податоци за склучување на бракот, и тоа: име и презиме на брачните другари; ден, месец, година и место на раѓањето; матичниот број; државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот на брачните другари; ден, месец, година и место на склучување на бракот и изјави на брачните другари за нивното презиме; име и презиме на родителите на брачните другари; име и презиме и живеалиште на сведоците при склучувањето на бракот, име и презиме на службеното лице пред кое е склучен бракот и име и презиме на матичарот; поништување на бракот или престанување на бракот; име и презиме и живеалиште на полномошникот ако при склучувањето на бракот едниот другар го застапувал полномошник и промени на името и презимето на брачните другари.
Во матичната книга на умрените се запишуваат податоци за смртта, и тоа: име и презиме на умрениот; неговото презиме пред склучувањето на бракот; полот; час, ден, месец, година и место на смртта; ден, месец, година и место на раѓањето, брачната состојба пред смртта; државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот; име и презиме на брачниот другар и неговото презиме пред склучувањето на бракот; ако умрениот бил во брак, име и презиме на родителите на умрениот; име и презиме и живеалиште на лицето кое ја пријавило смртта, односно назив на организацијата која ја пријавила смртта и прогласување на исчезнато лице за умрено и податокот за смртта што е докажан во судската постапка.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Управа за водење на матични книги.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Не е јасно прецизирано.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Не, но предвидено е донесување на внатрешни процедури за заштита на матичните книги (член 29 и член 30-а). Сепак потребно е вметнување на член кој ќе ги регулира техничките и организациските мерки за заштита и тајност на личните податоци.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за внатрешни работи;
Законите со кои се регулира издавање на лични документи.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
ЕМБГ.