Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/2005; 50/2006; 129/2006; 8/2008; 83/2009; 50/2010; 83/2010; 88/2010; 171/2010; 148/2011 и 187/2013)
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Единствениот регистар на трансакциски сметки во врска со предметот на извршување.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Извршување на побарувања.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Име и презиме, адреса на живеалиште или престојувалиште, ЕМБГ и други податоци потребни за водење на судската постапка.
Обемот е соодветен.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Правни лица кон кои физичко лице има долг.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Не.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Во членот 40 се предвидува дека Извршителот е должен со личните податоци да постапува согласно со прописите за заштита на личните податоци, при спроведување на извршувањето.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за парничната постапка.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
ЕМБГ.