Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/2014 и 188/2014
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Евиденција за сите воспоставени претплатнички односи;
Евиенција од службите за информации;
Телефонски именик.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Вршење на телекомуникациски услуги.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Операторите можат да ги добијат следниве податоци од нивните претплатници:
- име или назив на претплатникот,
- матичен број за физички лица и даночен и регистарски број за правни лица,
- дејност на претплатникот,
- адреса на претплатникот,
- претплатнички број,
- академска титула или професија и
- врз основа на плаќање, дополнителни податоци, под услов тоа да не ги загрозува правата на трети лица.
Податоците наведени можат да се користат само за:
- склучување, надзор и престанок на претплатничките договори,
- наплата на услугите,
- подготовка и издавање на телефонски именици согласно овој закон и
- други цели согласно со овој закон, а врз основа на добиена согласност од претплатникот.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Телекомуникациски оператор.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Да. За достапноста во телефонскиот именик.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Да.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Во уредувањето на дефинициите на Законот е предвидено дека нарушување на безбедност на личните податоци е нарушување што доведува до случајно или незаконско уништување, губење, промена, неовластено откривање или пристап до лични податоци кои се пренесуваат, чуваат или на друг начин се обработуваат во врска со обезбедувањето на јавни електронски комуникациски услуги.
Заштитата на личните податоци е едно од начелата на дејствувањето на Агенцијата за електронски конуникации. Истовремено, предвидено е дека АЕК во соработка на ДЗЛП ќе ги уреди правилата за обработка на личните податоци.
Во член 167 и 168 е уредена заштитата на претплатникот во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци како и доверливоста на податоците.
Материјата на заштита на лични податоци е уредена и кога станва збор за телефонскиот именик како јавна книга.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за облигационите односи.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
ЕМБГ.