Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за даночна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006; 88/2008; 159/2008; 105/2009; 133/2009; 145/2010; 171/2010; 53/2011; 39/2012; 84/2012; 187/2013 и 15/2015
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма?(евиденција, регистар, база)
Законот предвидува собирање на лични податоци во следниве форми:
- Листа на должници на доспеани долгови
- Евиденција на даночни обврзници
- Евиденција на резиденти
- Евиденција на припадници
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Уредување на постапката на утврдување на данок, постапката на контрола на данок, постапката на наплата на данок, правата и обврските на даночниот обврзник и други прашања од даночната постапка.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Нема точно определeни категории на лични податоци.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Управа за јавни приходи.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Не.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Постои посебен член со кој се уредува чување на даночна тајна.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Сите даночни закони.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
ЕМБГ, податоци за трансакциска сметка.