На ден 20.11.2014 година претставници од ДЗЛП, сектор Просветен инспекторат при Градот Скопје и фондацијата Метаморфозис, присуствуваа на трибина на тема „Средношколците и заштитата на личните податоци“ организирана од страна на средното училиште „Георги Димитров“.
Оваа активност беше на спроведена од координаторот на проектот „Час по приватност“ од истото училиште, а на барање на учениците, со цел подетално да се запознаат со своите права за заштита на приватноста и правото на заштита на своите лични податоци. Покрај информативниот аспект, трибината се одржа со цел учениците да поставуваат прашања директно до претставниците од Дирекцијата, инспекторите од Градот Скопје и Метаморфозис, за сите дилеми со кои се соочуваат и постојат во нивното дигитално секојдневие.
На трибината како гости и директни учесници во трибината беа група на ученици од средните училишта „Никола Карев“ и „Здравко Цветковски“, кои пак преку презентација решија да ја водат целата трибина.
Учениците го искористија времето кое им беше дадено да прашаат, продискутираат и споделат некои од проблемите со кои се сретнале досега. Прашањата се одликуваа со огромна разновидност, од сите области коишто ги опфаќа приватноста и од проблематики кои самата приватност ги носи со себе. Исто така учениците отворено ги споделуваа сите проблеми на кои наишле, зборуваа подетално за нив, за тоа како постапиле, како се обиделе да го решат случајот, и на крајот побараа стручно мислење за нивното разрешување.
Трибината се одликуваше со интерактивност, а во план е подготовка на уште една ваква трибина која ќе вклучи поголема група на ученици.
Линк до оригиналниот напис овде.