На 28/29 април, 2014, (понеделник и вторник), беше свикан состанок на тркалезна маса на експертите за приватност во Амстердам, Холандија, со цел развивање рамка на практични можности за интероперабилност, за да се премости јазот помеѓу европските и американските правни системи за заштита на лични податоци.
Состаноците на тркалезна маса се заедничкиорганизирани од Институтот за технологија на Масачусетс CSAIL, Проектот за информациона политика(MIT), САД, и Институтот за информатичко право(IViR) на Универзитетот во Амстердам.Учесниците се независни правни и технички експерти од областа на приватноста и заштитата на податоците од Европската унија и САД.
ЕУ и САД заеднички се залагаат за заштита на приватноста, која е камен темелник на демократијата. Според Договорот од Лисабон, заштитата на личните податоци е фундаментално право, кое Европската унија мора самоиницијативно да го гарантира.Во Соединетите американски држави, заштитата на личните податоци произлегува од уставната заштита од првиот и четвртиот амандман, како и од федералниот и државниот статут, од законот за заштита на потрошувачите и од обичајното право. Со ова, крајната цел, ефективна заштита на податоци, е постигната. Меѓутоа, сегашниот судир помеѓу двата правни системи поставува предизвици за реализација на приватноста и слободниот проток на информации преку Атлантикот. Неодамнешната експанзија на практиките заонлајн надзор ги нагласи овие предизвици.
Серијата тркалезни маси ќе резултира со презентација на првиот извештај на 2015 Меѓународна конференција на комесарите за приватност и заштита на податоците, којашто, иницијаторот на проектот, Џејкоб Констам (претседател на Холандската агенција за заштита на податоците и поранешен претседател на Член 29 Работна група), планира да ја води во Холандија, есента 2015 година.
Во наредните 18 месеци, групата ќе изготви консензус за бизнис проблемите и можните решенија(white paper consensus), и ќе даде насока за идната соработка меѓу САД и Европа.Напорите се насочени кон обезбедување на рамка на практични опции кои создаваат силни, глобално прифатени вредности за приватноста, на начин кој резултира со интероперабилност и почитување на материјалните и процедуралните разлики меѓу двете држави.Доколку имате прашања,обратетесена: НикованЕијк (vaneijk@ivir.nl, 31205253931) и на Даниел Веицнер(djweitzner@csail.mit.edu, 1 617 253 8036). Во прилоге листата на учесници.
Мостови зазаштита на приватноста – Учесници
Име |
Институција |
Жан-Франсоа Абраматик | INRIA (ФР) |
Бојана Белами | Центар за политика на информационолидерство (ВБ) |
Мери Елен Калахан | Џенер и Блок (САД) |
Фред Кејт | Универзитетот во Индијана (САД) |
Патрик ван Еке | Универзитетот во Антверпен (БЕ) |
Еспет Гилд | Центарза европски политички студии (БЕ) |
Пол де Херт | Универзитетот Врије, Институт за европски студии (БЕ) |
Кристофер Кунер | Универзитетот во Копенхаген (Данска) |
Алекс МекЏиливри | (САД) |
Виктор Маер-Шонбергер | Универзитетот Оксфорд (ВБ) |
Дирдре Малиган | Универзитетот на Калифорнија во Беркли (САД) |
Нуала О’Конор | Центар за демократија и технологија (САД) |
Џоел Рајденберг | Фордамправен факултет (САД) |
Ира Рубинштајн | Правен факултет во Њу Јорк (САД) |
Питер Шар | Европска академија за слобода на информациите и заштита на податоците (ГЕ) |
Најџел Шадболт | Универзитетот во Саутемптон (ВБ) |
Сара Спикермен | Универзитетот во Виена (АВ) |
Нико Ван Еијк (Претседавач) | Универзитетот во Амстердам, IVIR (ХО) |
Дејвид Владек | Универзитетот во Џорџтаун Правен центар (САД) |
Даниел Џ. Веицнер (Претседавач) | Институтот за технологија на Масачусетс (САД) |
Питер Хастинкс | EDPS (Бе) |
Џејкоб Констам | CBP/Art 29 (Хо) |
Линк до оригиналниот напис овде.