Имајќи ги предвид активностите што во континуитет ги спроведува за младата популација, Дирекцијата за заштита на личните податоци беше поканета да се приклучи кон Алијансата за отворени образовни ресурси, како институција која се залага за едукација и образование за сите возрасти, особено во промовирање на правото за заштита на личните податоци.
Во октомври 2013 година Алијансата за отворени образовни ресурси, иницирана од Фондацијата Метаморфозис, ја објавиДекларацијата за отворени образовни ресурси на Македонија. Во моментот имаме над 370 индивидуални поддржувачи на Декларацијата, како и 18 организации потписници меѓу кои и високо образовни институции, средни училишта и невладини организации.
Декларацијата за ООР на Македонија се заснова на Декларацијата за отворени образовни ресурси на УНЕСКО донесена во Париз, 2012 година.
Алијансата за отворени образовни ресурси е отворена група на поединци, организации, институции кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – подигање на свеста и капацитетот на академската и научната јавност за создавање и користење на отворени образовни ресурси во Република Македонија.
Алијансата за отворени образовни ресурси го поддржува развојот на Отворени образовни ресурси (ООР) во Македонија, врз основа на принципите на Париската декларација за Отворени образовни ресурси 2012 донесена од УНЕСКО на „Светскиот конгрес за Отворени образовни ресурси“ во 2012 година. Поддршката значи согласност секогаш кога е можно да се почитуваат и применуваат препораките донесени на Конгресот со цел да се обезбеди отворено образование достапно за сите.
(прилог)
Декларацијата за отворени образовни ресурси на УНЕСКО
Декларацијата за отворени образовни ресурси на Македонија
Линк до оригиналниот напис овде.