Скопје, 11 февруари, 2015 (META) 

Обележувањето на десниот палец на гласачот со видливо мастило е неуставно, заклучија уставните судии.

На денешната седница на Уставниот суд, судиите едногласно укинаа неколку одредби од Изборниот законик, кои ги обврзуваа членовите на избирачкиот одбор да го обележат секој гласач при остварувањето на неговото избирачко право и да проверат дали, можеби, веќе има белег од маркер, што би значело дека еднаш веќе гласал.

Според Уставниот суд, повредени се уставните принципи за слобода на уверувањето и за заштита на приватноста на граѓаните.

 

Линк до оригиналниот напис овде.