Препораки
Со оглед на фактот дека обработката на личните податоци треба да има законски основ, обемот, односно, категориите на лични податоци за издавање на картичката треба да биде предвиден во Законот за здравствено осигурување, а сето останато да остане регулирано со Правилникот за формата и содржината на картичката за здравствено осигурување и за начинот на нејзиното издавање, водење, користење и доказот за платен придонес за задолжително здравствено осигурување донесен од страна на ФЗОМ. Законот за здравствено осигурување треба да ги дефинира категориите на лични податоци во евиденциите од областа на здравственото осигурување.
Потребно е дефинирање на прецизни рокови на чување на личните податоци.
Потребно е вметнување на одредби за примена на технички и организациски мерки за заштита на личните податоци во Законот.