Препораки
Обемот на лични податоци одговара на целта предвидена во законот но не соодветствува на реалната слика бидејќи при склучување на договор за осигурување се собира и ЕМБГ на граѓанинот. Обработката на ЕМБГ во оваа ситуација е врз основа на добиена согласност на Дирекцијата за заштита на личните податоци но за комплетно уредување оваа обработка треба да биде предвидена со закон.
Од аспект на дефинирани мерки за заштита на личните податоци, Законот содржи посебен дел – ДОВЕРЛИВОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ во кој се предвидува обемот на лични податоци кои се предмет на обработка како и рокови на чување но истата не прецизира примена на технички и организациски мерки согласно ЗЗЛП. Вметнувањето на одредби за примена на технички и организациски мерки за заштита на личните податоци во Законот е потребна не само од аспект на внатрешното уредување на работењето на контролорите туку и од аспект на склучувањето на договори со Корисниците, преземањето на податоците од други субјекти (МВР, ФЗОМ, МТСП) и водење на евиденции за овие обработки.