Препораки
Одредбата со која се дефинира дека средното училиште собира, обработува, чува, испраќа и користи податоци содржани во збирките на податоци согласно со прописите за заштита на личните податоци, за потребите на интегрираната база на податоци која ја води Министерството не е јасна во делот на испраќањето на податоците. Треба да се дефинира каде може да бидат испратени податоците и под кои услови.
Согласноста на субјектите на лични податоци треба да биде предвидена за личните податоци кои не се наведени во категориите на податоци, а кои во пракса се собираат, односно, софтверот ги содржи (здравствени податоци, крвна група, ЕМБГ на родител).
Потребно е дополнително прецизирање на рокови на чување на личните податоци за сите евиденции.
Потребно е вметнување на член за начинот на заштита на личните податоци како што е уредено во Законот за основното образование.