Препораки
Материјата која ја уредува овој закон е специфична и од аспект на примена на начелата за заштита на личните податоци не е можно прецизно дефинирање на сите податоци за лицата за кои се известува или на нив поврзаните лица. Сепак, потребно е да се дефинираат точни насоки за објавување на лични податоци на лицата за кои се известува. Со тоа воедно би се поставиле и стандарди за правична обработка на личните податоци кои би значеле и воспоставување на технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од страна на медиумот.
Согласноста на субјектот исто така треба да биде предвидена со овој закон.