Препораки
Категориите на лични податоци се детално утврдени за секоја евиденција одделно, но сепак праксата укажува на собирање на фотокопија од лична карта кај повеќе евиденции од наведените, а не е предвидена со овој закон што не е во согласнот со начелата за заштита на личните податоци.
Иако дел од податоците за контакт можат да бидат опционални, како на пример етничата припадност која треба да биде податок кој вработениот опционално ќе го дава, законот не предвидува согласност на субјектот во ниту еден момент. Потребно е согласноста на вработениот да биде предвидена.
Евиденциите за вработените лица и Евиденциите за плати се чуваат трајно, но за останатите евиденции кои содржат лични податоци потребно е поврзување со законот за архивско работење.
Потребно е допрецизирање на примената на технички и организациски мерки за тајност и заштита на личните податоци заради регулирање на авторизацијата на пристапот до личните податоци на вработените.
Исто така, потребно е јасно утврдување на обврската на работодавачаот за носење на правилници за заштита на личните податоци на вработените и останатите засегнати субјекти на лични податоци.