Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/2008; 103/2008; 26/2009; 83/2009; 99/2009; 115/2010; 17/2011; 51/2011; 123/2012; 15/2013; 24/2013; 41/2014; 116/2014 и 130/2014)
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Високообразовните установи ја водат следнава евиденција со лични податоци за студентите:
1) евиденција на пријавени за упис и запишани студенти;
2) личен картон кој се води за секој студент од започнување на студиите до завршување на студиите односно до отпишувањето;
3) записник за испитот со кој се евидентира пријавата кон испитот, текот на испитот и постигнатата оценка и
4) евиденција на издадени документи за завршени студии.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Дa.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Евиденциите опфаќаат: име и презиме на студентот (за студентките и моминското презиме), пол, датум, место и дата на раѓање, држава на раѓање, живеалиште или претстојувалиште, единствен матичен број на граѓанинот, државјанство, претходно стекнато образование, начин на студирање како и други податоци по посебни прописи. Евиденцијата од ставот 1 точка 2 на овој член опфаќа и податоци за положени испити, за напредувањето и завршувањето на студиите.
Евиденцијата записник: име и презиме на студентот, (за студентките и моминското презиме), пол, единствен матичен број на граѓанинот, начин на студирање, година на студирање и студиска година на првиот упис, датум на испитот, податоци за тоа дали испитот го полага прв пат или го повторува, како и оценка добиена на испитот.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Високо образовна институција;
Министерство за образование.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Не е јасно прецизирано за сите збирки.
Матична кнога на студенти и главна кнога на дипломирани студенти се документи од трајна вредност.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Член 119 – една одредба.
Одредбите во врска со водењето, употребата и чувањето на личните податоци од евиденциите по овој закон се користат и за документација, врз основ на која биле собрани личните податоци. Документите за претходното образование по завршената уписна постапка му се враќаат на студентот.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за архивско работење.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
ЕМБГ ; Здравствени податоци.