Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за социјалната заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2009; 36/2011; 51/2011; 166/2012; 15/2013; 79/2013; 164/2013; 187/2013; 38/2014; 44/2014; 116/2014 и 180/2014)
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Законот предвидува собирање на лични податоци во следниве форми:
Евиденција за корисниците на права од социјалната заштита;
Евиденција на вработени;
Листа за бездомно лице;
Листа за бездомно семејство;
Листа за лица-сторители на семејно насилство;
Листа за лица-жртви на семејно насилство;
Евиденција на баратели на постојана парична помош и нега на болен;
Регистар на лица зависници од дрога што користат социјална помош.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Остварување на правата од социјалната заштита.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Евиденцијата за корисниците содржи податоци за единствен матичен број, пол, возраст, адреса на живеење и други податоци за корисникот и членовите на неговото семејство, односно домаќинство, а кои се однесуваат за утврдување на личниот статус и состојбата на социјален ризик.
Обемот на податоци е соодветен.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Установа за социјална заштита.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Не
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Во прибирањето, обработката, користењето, размената и чувањето на податоците за корисниците од социјална заштита се применуваат одредбите од законот кој ја уредува заштитата на личните податоци.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
Да, ЕМБГ.