Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за платниот промет („Службен весник на Република Македонија“бр. 113/2007; 22/2008; 159/2008; 133/2009; 145/2010; 35/2011; 11/2012; 59/2012; 166/2012 и 170/2013)
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Платни инструменти;
Регистер на трансакциски сметки.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Вршење на платен промет.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Согласно овој закон, платните инструменти и нивната содржина и форма, освен формата на платните инструменти содржани во медиумите за пренос, ги пропишува министерот за финансии. Со ваквата формулација, содржината на платните инструменти се остава да биде утврдена со Правилник што не е во согласност со начелата за заштита на личните подтоци.
Праксата укажува дека за плаќања од физички лица, на платниот инструмент е содржан и ЕМБГ без да има законска основа.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Носител на платен промет.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Да.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Не.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Не.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
ЕМБГ.