Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2013, 41/2014 и 115/2014)
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Геодетско катастарски информационен систем.
Имотен лист.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Уредување на катастарски работи.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Категориите на податоци кои се собираат во ГКИС не се јасно дефинирани.
Категории на податоци кои се собираат во Имотен лист:
– катастарските парцели, згради, посебни и заеднички делови на згради и други објекти, носителите на правата на недвижностите со нивните адресни податоци, како и податоци за ЕМБГ, односно ЕМБС, правото на сопственост и други стварни права на недвижностите, како и други права чие запишување е утврдено со закон, правниот основ на запишувањето, дата и час на запишувањето и број на предметот по кој е извршено запишувањето, висината на побарувањето што се обезбедува со заложното право, предбележувањата и прибележувањата.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Агенција за катастар на недвижности.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Само за видео надзор – 30 дена.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Агенцијата презема правни, организациони и технолошки постапки и мерки за заштита на податоците од ГКИС, со кои се спречува нелегално прибирање, обработка, чување, користење или пренос на податоците, случајна или намерна измена или уништување на податоците, како и нелегално изнесување на податоците надвор од Агенцијата.
Информатичката инфраструктура на Агенцијата обезбедува строго контролиран пристап до ГКИС, со различен степен на дозволен пристап.
Податоците од ГКИС се користат само за намената за којашто се издадени без промена на формата и содржината.
Податоците од ГКИС заинтересираните субјекти може да ги користат и за формирање на нови производи со додадена вредност во комерцијални цели.
Начинот на користење на податоците од ставот (2) на овој член се уредува со посебен договор кој го склучува директорот на Агенцијата со лицата кои раководат со заинтересираните субјекти.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за домување.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
ЕМБГ.
- Дали ДЗЛП има дадено мислење по однос на законот и дали е тоа мислење земено предвид?
По дадено мислење на ДЗЛП, во член 155 е предвидена анонимизација на ЕМБГ кога истиот се издава на трето лице.