Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за јавните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2010; 36/2011; 6/2012; 24/2012; 15/2013; 82/2013; 106/2013 и 132/2014
- Дали законот предвидува собирање лични податоци и во која форма (евиденција, регистар, база)
Законот предвидува собирање податоци, во регистар на јавни службеници.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Целта не е јасна.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Категориите на лични податоци не се предвидени во Законот.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Министерство.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Не е јасно.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Не.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Не. Освен дефинирањето на категориите на лични податоци, вметнување член за технички и организациски мерки е неопходен бидејќи во согласност со начелата за заштита на личните податоци треба да биде дефиниран и пристапот и нивоата на пристап до податоците во регистарот.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за работните односи.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видеонадзор)
Не е јасно бидејќи не се дефинирани категориите на лични податоци.