Правна анализа на законот
- Назив на закон и број на Службен весник (последна измена или дополнување)
Закон за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“бр. 24/2011; 51/2011; 148/2011; 74/2012; 171/2012; 27/2014 и 139/2014).
- Дали законот предвидува собирање на лични податоци и во која форма? (евиденција, регистар, база)
Евиденција на добивки;
Евиденција на учесници во интернет игри на среќа.
- За која цел е предвидено собирањето на личните податоци? Дали целта е јасна?
Организирање на игри на среќа, евиденција на добитници, исполнување на обврска за плаќање на данок на добивка.
- Кои категории на лични податоци се предвидени? Дали обемот одговара на целта?
Приредувачот на наградната игра ги одредува категориите на лични податоци кои ќе ги собира за учесниците и добитниците во Правилата на наградната игра.
За интернет игрите на среќа, за регистрација, учесникот задолжително ги доставува следниве податоци:
1) име и презиме;
2) адреса;
3) ден, месец и година на раѓање;
4) и-мејл адреса;
5) корисничко име;
6) лозинка и
7) податоци за трансакциска сметка и/или дебитните или кредитните картички преку кои ќе се вршат трансакциите со приредувачот на интернет игрите на среќа, сметките во сервисите за брз трансфер на пари или податоци за авторизираниот систем за финансиски трансфер на средства.
Обемот на податоци е соодветен.
- Кој првично ги собира податоците? (компанија, институција)
Приредувач на игри на среќа.
- Дали за некоја категорија на лични податоци е предвидена согласност од субјектот за нивна обработка?
Зависи од Правилата на игрите на среќа.
- Дали се предвидени јасни и конкретни рокови на чување на личните податоци?
Не.
- Дали постои посебен член за заштита на личните податоци кој јасно укажува на примена на технички и организациски мерки?
Не.
- Дали обработката на податоците предвидена во овој закон е или треба да е поврзана и со примена на друг закон?
Закон за данокот на добивка.
- Дали постојат исклучоци за обработка на чувствителни лични податоци? (ЕМБГ, биометрија, видео надзор)
Не.