На веб-страната на Европската Комисија неодамна беше објавен документ којшто ги разбива „митовите“ односно дилемите што постоеја во врска со „правото да се биде заборавен“ на интернет.
На 13 мај 2014 година, Судот на правдата на Европската унија, призна дека согласно постоечката Европска легислатива за заштита на податоците, граѓаните на ЕУ имаат право да поднесат барање до интернет пребарувачите, како Google, да се отстранат резултатите од пребарувањето директно поврзани со нив.
Оваа пресуда предизвика огромна дебата за праведноста или неправедноста на т.н. право да се биде заборавен. Малку позадлабоечно читање на пресудата покажува дека загриженоста што се појави во оваа дебата е или претерана или едноставно неоснована.
Линк до оригиналниот напис овде.