Изборот на новата владина коалиција во Белгија, на чело со Чарлс Мишел отвори нова страница во историјата на заштитата на приватноста. Имено, за прв пат во историјата, во новиот состав на кабинетот на Белгискиот премиер е назначен Државен секретар за приватност.
Станува збор за Фламанскиот либерал Барт Томелин, кој е назначен за Државен секретар за борба против социјалната измама, заштита на приватноста и помошник на министерот за труд и социјална политика и јавно здравство.
Имајќи во предвид дека надлежностите на г-дин Томелин ја покриваат борбата против социјалната измама и приватноста, предизвик е да се проследи сублиматот на неговите напори за хармонизација на инвазивната природа на приватноста борбата против социјалната измама со обврската за заштита на приватноста. Г-дин Томелин во повеќе наврати ја има потенцирано важноста за зголемување на заштитата на приватноста, истакнувајќи примери за повреда на приватноста на корисниците на смартфони и прекумерна следење на корисниците на социјалните медиуми.
Важен дел од коалициониот договор на новата Влада базира на напорите за дејствување според политика на приватност која начелно предвидува:
- Изречна согласност како основен принцип;
- Силно хармонизирани европски политики во врска со приватноста и заштитата на податоците со простор за флексибилност;
- Оптимизирана употреба на податоци со осврт на приватноста- транспарентност во однос на видот и намената на податоците кои се прибираат;
- Сигурносни мерки за превенција од неавторизирани пристапи до бази на податоци и пренос на информации;
- Зајакнување на правата на субјектот на податоци;
- Реформирање на органите за заштита на лични податоци.
Принципите на приватност вклучени во договорот за коалиција и назначувањето на Државен секретар за приватност укажува на намерата на новата влада да има активна улога во носење на законите за приватност. Останува да се види дали овие напори ќе бидат насочени на краток рок во рамки на белгиската легислатива или ќе се фокусираат кон реформи на целокупната европска легислатива за заштита на приватноста и личните податоци.
Линк до оригиналниот напис овде.