„Потребна е нова агенција за заштита на личните податоци и безбедностa на податоците во склоп на ОН, со цел заштита на доверливите и личните информации на граѓаните ширум светот“- истакна Европскиот комесар за дигитална економија и општество, Гунтер Отингер на овогодинешниот Светски економски форум во Давос.
Неодамнешниот хакерски напад врз Сони предизвика обелодинување на дел од строго доверливи и лични податоци, и тоа е повеќе од доволна причина Европа да превземе радикални чекори во менување на начините на чување на податоците и понатаму, да ја врати довербата во технолошките компании.
Отингер нагласи дека примарен приоритет беше да се стекне сигурност дека компаниите и организациите во Европа се доволно транспарентни пред да се прејде кон заземање заеднички став по ова прашање, потенцирајќи ја потребата од Агенција за заштита на личните податоци и безбедност на податоците во склоп на ОН. Тој претстави двостран пристап, каде владите би имплементирале јасна, прагматична регулатива а технолошката индустрија би дизајнирала производи кои би ја гарантирале приватноста на корисниците.
Мајкл Фрајс, првиот човек на кабелскиот гигант Liberty Gobal со сомнеж кон визијата на Отингер истакна дека неговите предлози не би биле остварливи во блиска иднина и тоа би траело неколку години.
Во панел дискусиите на форумот , заедно со Отингер учествуваа и Сер Тим Бернарс Ли, основачот на world wide web и директорката на Yahoo, Мариса Мајер. Ли нагласи дека битката помеѓу приватноста и безбедноста не треба да биде нишало кое го одредува степенот на пристап до податоци кој го имаат агенциите. Во моментот, не постои начин на следење како некој располага со податоците , ако истиот поседува судска дозвола за тоа. Мајер пред учесниците во Давос нагласи дека по откровенијата на Сноуден, Yahoo итно го променил начинот на управување и енкрипција на податоците, за зголемување на безбедноста од можен напад и пробивање на истите.
Извор: The Guardian
Линк до оригиналниот напис овде.