Организирано од European Union Agency for Network and Information Security (ENISA), повеќе од 200 организации и 400 професионалци од областа на сајбер безбедноста, од 29 Европски држави ќе ја тестираат нивната подготвеност да се спротистават на сајбер-нападите. На Cyber Europe 2014 учество замаа експерти од државните и приватните сектори и имаа можност да ги испробаат своите процедури како и способности против најлошото сценарио во сајбер-безбедноста.
CyberEurope 2014 претставува најголема и најкомплексна вежба организирана во Европа. Ќе се разрешуваат повеќе од 2000 поединечни сајбер-инциденти. Се одржува секои две години во организација на ENISA, и оваа година учествуваат 26 ЕУ држави и 3 држави членки на Европската асоцијација за слободна трговија како и ЕУ Институции. Се одвива во 3 фази во текот на целата година: техничка, којашто вклучува откривање на инцидент, истрага , ублажување и размена на информации (завржува во Април); операциона/тактичка којашто се занимава со алармирање, проценка на криза, соработка, координација, тактички анализи, совети како и размена на информации на оперативно ниво; стратегиска фаза која го истражува донесувањето на одлуки, политичкото влијание и јавните работи.
Европската Комисија повикува на развој на националните планови за непредвидени ситуации и редовни вежби, проверка на реакцијата при инцидент во безбедносниот систем на мрежа од големи размери како и развој на планови за обнова при катастрофа. Новиот мандат на ENISA ја нагласува важноста на вежбите за сајбер-безбедносната подготвеност во зголемувањето на довербата кај онлајн сервисот во Европа.
Линк до оригиналниот напис овде.