На 08.04.2015 година (среда) во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа: „Обука за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци“, наменета инвестициски фондови, приватните фондови, отворените фондови, брокерските друштва и пензиските фондови, а со цел усогласување на нивното работење, со прописите за заштита на личните податоци. За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите на збирки на лични податоци, како и обврските на офицерите за заштита на личните податоци. Детално беше објаснета постапката на регистрирањето на контролорите во Централниот регистар на збирки на лични податоци, како и пријавувањето на збирките на лични податоци. На обуката беа разработени и одредбите кои се однесуваат на техничките и организациските мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци. Една од темите на оваа обука беше и Применување на Договорот за FATCA од аспект на заштитата на личните податоци.
Линк до оригиналниот напис овде.